Изгледа не го боли многу: Еве што правеше Аморим откако доби отказ (ВИДЕО)

Рубен Аморим утринава доби отказ од тренерската функција во Манчестер Јунајтед, но португалскиот стратег не изгледаше премногу загрижено поради тоа.

По 18 месеци на клупата, Аморим доби отказ, статистиката вели дека тој е еден од најлошите тренери на Јунајтед во историјата.

А, само неколку часа по отказот беше уловен од камерите како безгрижно се шета со неговата сопруга во близина на нивниот дом во Манчестер.

 

 

Аморим за отказот ќе добие отштета од 11,5 милиони евра, па Португалецот очигледно не е загрижен многу што е отпуштен од работа.