„Избегав од Англија поради Конте и Мурињо, а сега еден од нив ќе дојде во Мадрид“

Реал Мадрид се соочува со лоши резултати во шпанската Ла Лига, па медиумите често шпекулираат за тренерите кои би можеле да го заменат Хулен Лопетеги, а две имиња не му се допаднале на голманот Тибо Куртоа.

Иднината на Лопетеги најверојатно ќе биде позната по „Ел класико“, а доколку Реал загуби, тогаш тоа би значел и крај за него на тренерската клупа на „кралевите“, а токму Антонио Конте и Жозе Мурињо се поврзуваат со работа во Мадрид.

Шпанските медиуми пишуваат дека Куртоа се пожалил на соиграчите во соблекувалната поради шпекулрациите дека Конте или Мурињо би можеле да пристигнат во клубот.

„Не можам да верувам. Овде сум единствен фудбалер, кој работел со двајцата тренери. Избегав од Лондон за да не доживеам такво нешто, а сега би можел еден од нив двајца да дојде во Мадрид“, наводно им кажал Куртоа на соиграчите.

Исто така, Куртоа би сакал на тренерското место во Мадрид да седне селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, а тоа би значело дека белгискиот голман би добил поголема минутажа.