Италијански „Кориере“ го згрози светот со расистичка насловна (ФОТО)

Италија има сериозен проблем со расизмот и тоа е повеќе од јасно. Откако изминативе две сезони голем број на фудбалери како Калиду Кулибали, Франк Кеси и Ромелу Лукаку беа дел на тешки расистички навреди од трибините, „капак“ на сè е насловната страница на престижниот спортски весник „Кориере дело спорт“. 

На насловната страница на весникот осамна наслов „Блек фрајдеј“, со Ромелу Лукаку и Крис Смолинг свртени еден кон друг. Алудирајќи на дербито што ќе се игра во петок помеѓу Интер и Рома во рамки на Серија А.

Спортската јавност е згрозена од насловната страница на „Кориере“, особено кога во Италија најголем проблем во спортот е токму расизмот. Клубовите пред извесно време се обединија во борбата против расизмот, но очигледно тоа не знаат како да го применат и медиумите.