Италијанците го најавија „македонското дерби“: Принцот Елмас против Кралот Пандев!

Наполи и Џенова ќе се судрат утревечер од 20.45 часот на „Сан Паоло“ во мечот од 12-то коло во италијанската Серија А, пресметка која е посебно интересна поради дуелот на макеоднските репрезентативци Елиф Елмас и Горан Пандев, која еднакво е интересна и на Чизмата.

Италијанците ден пред дуелот веќе го најавија мечот на интересен начин – Принцот Елмас против Кралот Пандев. Капитенот Пандев веќе 18 години е дел од Серија А, мина три години во Неапол, а Елмас е наследникот кој треба да остави силен белег во Калчото. Една од најпознатите инернет-страници „Калчомеркато“ објави интересна најава за пресметката на македонските репрезентативци под Везув, која ви ја пренесуваме во целост.

Учителот против ученикот. Тоа е Горан Пандев против Елиф Елмас!

Историјата на спортот е полна со лични дуели помеѓу стари шампиони и потенцијалните нивни наследници. Во такви фасцинантни битки се потрошија реки на мастило и многу зборови. Зажувувањето на ваквите двобои, кои постојат од антиката, може повторно в сабота навечер да биде фокус на „Сан Паоло“ кога Наполи ќе се соочи со Џенова и на терен ќе ги спои минатото и иднината на македонскиот фудбал – еден против друг. Најсилниот играч во Калчото од малата и млада балканска држава против еден кој веројатно е предодреден да ја преземе диригентската палка.

Од страната на „рособлу“ (црвено-сините од Џенова – н.з.) без Кристијан Куаме поради репрезентативни обврски, целиот напад ќе биде на плеќите на Горан Пандев. Тијаго Мота ќе се потпре на својата класа за да избега од опасната зона и да го напшти местото кое е загрижувачки според пласманот. Од друга срана е Елмас, кој би може да биде изненадувачкиот фактор на Карло Анчелоти, во момент кога во Наполи се борат со неочекуваната криза.

Накратко, битка која веќе е полна со значења и ќе ја парализира нацијата на два часа.

Од друга страна во Македонија нема никакви дилеми. Младиот фудбалер кој летово долета под Везув е целиот природен наследник на Горан, истиот тој Горан кој во Неапол има напишано значајни страници во својата долга и одлична кариера. Инвестицијата за доаѓањето на Елмас не беше ни лесна, ни евтина, ама беше благословена и потпишана од неговиот идол лично, па сега тој пред својот учител ќе треба да се потврди на терен.

Сепак во очекување на „предавањето“, Пандев се чини нема намера да го забрза процесот, туку во сабота уште еднаш да ја потврди својата техничка надмоќ, која ја има струмичанецот. Неговиот наследник веројатно ќе почека, зашто времето за абдицирање на кралот сè уште е далеку.