Италија на нозе: Михајловиќ закажа вонредна прес-конференција

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ најави конференција за новинарите во петок од 11 часот по повод најновите информации за неговата здравствена состојба откако го заврши третиот циклус на хемотерапија.

Михајловиќ на крајот на јули откри дека боледува од леукемија, но српскиот тренер реши да се спротистави на болеста и процесот на лекување се движи во добар правец.

По пресадената коскена срж и третиот циклус на хемотерапија, Михајловиќ ќе зборува за моменталната здравствена состојба.

Миха пред неколку дена ја напушти болницата и веднаш замина во тренинг-центарот на италијанскиот клуб.