Историски срам: Јунајтед го има најлошиот старт на сезоната во последните 40 години!
Со ова, „ѓаволите“ продолжија со очајните настапи во домашниот шампионат, продлабочувајќи ја резултатската криза која го тресе клубот од самиот почеток на натпреварувачката кампања. По првите десет одиграни кола, екипата има освоено само осум бодови, катастрофален учинок кој ја сместува директно во зоната за испаѓање, позиционирајќи ја на 18-тото место на првенствената табела. Според официјалните статистички податоци, ова претставува најслабото остварување на гигантот од Манчестер во оваа фаза од сезоната уште од натпреварувачката 1986/1987 година, кога по десет одиграни средби клубот се наоѓаше на 20-тата позиција.
Дополнителен удар за стручниот штаб и навивачите е фактот што Манчестер Јунајтед во моментов се наоѓа во серија од осум последователни натпревари без победа во англиската елита. Ваква негативна низа на резултати во поновата историја на клубот му се има случено само уште еднаш, во периодот помеѓу април и мај 2025 година.