Историски договор: Халанд потпиша со Манчестер Сити на уште 9,5 години!

Иако се шпекулираше дека е можно во блиска иднина да се пресели во Барселона или Реал, Ерлинг Халанд очигледно планира уште долго да остане во тимот на Манчестер Сити, можеби и до крајот на кариерата.

Британските медиуми утринава објавија дека тој ја продолжил верноста кон шампионот на Премиер лигата на уште 9,5 години, односно до летото 2034 што е раритетен договор во светот на фудбалот. Досегашниот му важеше до 2027 година со откупна клаузула од 100 милиони евра поради што постоеше надеж кај гореспомнатите клубови дека би можеле да го донесат во своите редови.

Според новиот договор, Халанд ќе биде еден од најплатените фудбалери во европскиот фудбал, а најинтересно е тоа што за следните четири години не постои откупна клаузула што значи дека може да си замине од Сити само со дозвола на раководството на клубот.

По истекот на договорот, Халанд би имал 34 години и јасно е дека ќе се наоѓа на залезот на кариерата.