Интер немаше муниција, Јувентус го доби дербито (ВИДЕО)

Јувентус славеше во дербито против Интер со 1-0 во 25. коло од италијанската Серија А, со што освои големи три бода и се искачи на четвртата позиција на табелата.

Двете екипи понудија возбудлив фудбал со многу шанси уште во првото полувреме, меѓутоа ниту едните, ниту другите не беа прецизни.

Единствениот гол беше постигнат во 74. минута кога Консеисао ја затресе мрежата на „нераѕурите“ и ја обезбеди победата за Јувентус.

Јувентус има 46 бодови и се наоѓа на четвртата позиција во лигата, додека Интер е втор со 54 поени, односно два помалку од лидерот Наполи.