Интер ќе го замени Лукаку со српски репрезентативец?

Интер планира да го продаде Ромелу Лукаку во Челси за сума од 130 милиони евра и наскоро Белгиецот треба да се врати на „Стемфорд бриџ“, каде што играше во минатото, но италијанскиот првак веднаш тргна по негова замена.

„Нераѕурите“ имаат неколку желби на трансфер-листата, а еден од нив е српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.

Интер испратил понуда од 60 милиони евра која била одбиена, па сега шампионот планира во трансферот сака да ги вклучи и Стефано Сенси и Андреа Пинамонти.

Во следните денови се очекуваат повеќе детали, но засега е познато дека постојат сериозни преговори меѓу Интер и Фиорентина.

За услугите на Влаховиќ претходно интерес покажаа уште неколку тимови, меѓу кои и Тотнем, Милан, Рома и Јувентус.