Интер и Јувентус со неделното дерби ќе го урнат рекордот во Италија

„Дерби Д'Италија“ е пресметката која со нетрпение се очекува в недела навечер помеѓу Интер и Јувентус, вечна пресметка во Серија А, која уште сега ги урива сите рекорди на Чизмата.

Според најавите „Џузепе Меаца“ веќе е распродаден за пресметката на лидерот со актуелниот првак и дека на трибините се очекуваат повеќе од 75 илјади гледачи, а со тоа заработката на миланскиот клуб од овој меч ќе биде 6,5 милиони евра.

Оваа заработка е рекорд во Италија и нов клупски рекорд на Интер, зашто досегашниот рекорд беше 5,8 милиони евра од минатата сезона со Барселона во Лигата на шампионите.

Повеќе од 20 отсто од билетите се купени од странство, а повеќе од 100 националности ќе го гледаат дербито. Пренос од мечот ќе оди на 40 телевизиски канали во 200 земји во светот.

Интер има максимални 18 бода од шест меча, а Јувентус два помалку.