Интер ги изненади навивачите: Заминува ли Икарди од Милано!? (ФОТО)

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди требаше да го продолжи договорот со италијанскиот клуб, но преговорите се одложија, па засега нема нов договор меѓу двете страни.

Денеска италијанскиот тим објави дека нов капитен на тимот ќе биде голманот Самир Хандановиќ, а навивачите веднаш се запрашаа дали тоа значи дека Икарди на лето ќе си замине од Милано.

„Нероаѕурите“ не ја објаснија најновата одлука, но секако ги изненади фановите.