Интер дал дозвола: Икарди си оди од Интер за 70 милиони евра?

На Икарди минатите два месеци му беа пеколни на „Џузепе Меаца“. Тој одби да игра затоа што му беше одземена капитенската лента. А се започна кога Аргентинецот одби да го продолжи договорот и им даде јасна порака на челниците на Интер дека сака да замине од Милано.

На почетокот Икарди се поврзуваше со италијанскиот шампион Јувентус, сепак тој сака да оди надвор од Италија. Медиумите во Италија пишуваат дека Аргентинецот се договорил со ПСЖ и дека следната сезона ќе го гледаме во дресот на „светците“.

Интер по се изгледа ја прифатил понудата од 70 милиони евра за Икарди, а ова е добра понуда за нив ако се знае дека договорот му е при крај. Аргентинецот би требало да биде прв напаѓач на францускиот шампион со оглед на фактот дека Кавани ќе го напушти Париз.