Им постави ултиматум: 16 милиони евра или ќе си оди бесплатно!
Францускиот репрезентативец влегува во последните шест месеци од неговиот договор и му дава јасно дознаење на Баерн Минхен дека Реал Мадрид и ПСЖ се подготвени да ги исполнат неговите барања доколку тоа не го направат баварците.
Преговорите за нов договор дојдени се до критина точка. Според „Кикер“, тимот на Упамекано го информирал раководството на клубот дека преговорите практично се завршени, освен ако тие не ги прифатат неговите барања.
Упамекано веќе од први јануари ќе може да преговара легално со други клубови и да потпише преддоговор со некој од нив.
Германските медиуми тврдат дека Упамекано бара годишна плата од 16 милиони евра клучувајќи ги и бонусите и со специфична откупна клаузула која би му дала контрола за иднината на кариерата.
Сега топката е префрлена на Баерн Минхен кој треба да одлучи што ќе направи, дали ќе ги исполни барањата на фудбалерот или тој ќе може да замине како слободен.
Реал Мадрид и ПСЖ будно ја следат ситуацијата и подготвени се да ги прифатат условите на Упамекано бидејќи би го добиле без обештетување.