Игуаин е херојот на Јувентус: Со два гола до пресврт против Аталанта (ВИДЕО)

Екипата на Јувентус со пресврт славеше на гостувањето во Бергамо против Аталанта, во рамки на 13. коло од италијанската Серија А.

Јувентус беше во проблеми поради неиграњето на Кристијано Роналдо, губеше до 74. минута, но Гонзало Игуаин со два гола направи целосен пресврт му донесе победа на тимот од Торино.

Аталанта поведе во 56. минута преку Госенс, но гостите ја превземаат контролата на натпреварот и преку Игуаин го свртеа резултатот во своја корист, а Дибала само ја потврди победата во судисното продолжение.

Јувентус ќе остане лидер по 13 кола бидејќи има 35 бода, четири повеќе од второпласираниот Интер.