Играчот кој го урна ПСЖ, прави трансфер во Премиер лигата!

Ботафого синоќа направи сериозно изненадување откако со 1-0 го победи ПСЖ во меч од второто коло на Светското клупско првенство, а стрелецот на единствениот гол, Игор Жесус веќе има договорено трансфер во Англија.

Игор Жесус како и неговиот соиграч Јаир Куња веќе може да се гледаат како фудбалери на Нотингем Форест, тврди Фабрицио Романо.

Остануваат уште формалности за овие двајца фудбалери и официјално да станат членови на англискиот клуб.

Нивната промоција ќе се случи откако Ботафого ќе го заврши настапот на Светското клупско првенство.

Ботафого со шест бода од првите две кола е на чекор до место во осминафиналето. 

Фото: X/Botafogo