Игра во француската Лига 1, а заработува помалку од некои фудбалери во Македонија!
Еден од нив е Серж Гакпе, 30-годишен фудбалер на Амиен и репрезентативец на Того, кој месечно заработува скромни 2,000 евра.
Според денешната листа со најплатени фудбалери, која ја објави „Л`Екип“, Гакпе е најслабо платениот фудбалер во француското првенство и малку е „смешно“ што неговите месечни примања се помали од некои фудбалери во ПМФЛ.
Меѓутоа, репрезентативецот на Того во договорот со Амине има клаузула со која за секој одигран натпревар на фиксните 2,000 евра добива уште толку пари. Затоа што досега одигра 19 натпревари, на крајот на сезоната би требало минимално да му бидат исплатени 38,000 евра.
Овој фудбалер воопшто не е непознат за некои луѓе затоа што во својата кариера има настапувано и за Монако, Стандард, Џенова, Аталанта и Киево.