Иднината на Киеза зависи од Алегри, ако тој остане - си оди
Последните денови италијанските медиуми шпекулираат за негово можно заминување од торинскиот гигант иако нејасно е каде би ја продолжил кариерата. Заинтересирана е Рома, плус неколку англиски клубови, но Киеза самиот не би сакал да си оди од Јувентус.
Негов најголем проблем е тренерот Масимилијано Алегри. Ако трофејниот стручњак остане на клупата на Јувентус, Киеза речиси сигурно ќе го напушту клубот претстојното лето. Тој игра за Јуве од 2020 година кога се пресели од Фиорентина и на 124 натпревари досега постигна 30 гола.