Ибрахимовиќ го откри својот фаворит на натпреварот Јунајтед - ПСЖ

Манчестер Јунајтед и ПСЖ ќе си ги одмерат силите во денешниот спектакл на „Олд трафорд“. Златан Ибрахимовиќ е фудбалерот кој ги носеше дресовите на двата клуба, Швеѓанецот смета дека мал фаворит е ПСЖ поради подобриот состав.

Шведскиот интернационалец не се оптеретува многу околу победникот на овој наптревар, бидејки како што вели тој самиот било кој да победи, секако ќе биде на победничката страна.

„Мислам дека мала предност има ПСЖ, поради играчите со кои располага. Сепак, кој и да победи, јас ќе бидам победник. Значи кој и да помине понатаму, јас ќе имам клуб за кој ќе навивам во Лигата на шампиони“, рече Ибрахимовиќ.