Ибра на Билиќ му кажа нешто што никој не знаел, но - малку е гадно! (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ е гостин кај Славен Билиќ во емисијата „Неуспех на шампионите“, легендарниот напаѓач кажа нешто што досега на никој не го кажал.

Во емисијата Ибрахимовиќ зборува на босански јазик, тој на Билиќ му сподели нешто што не е многу убаво за слушање, но многу зборува за неговиот шампионски менталитет.

„Можам да кажам нешто тука што никој не го знае, но малку е гадно. Требаше да завршам вежба, шест пати по две минути трчање брзо, одмор три секунди. Ми се одеше во тоалет, не отидов во тоалет. Јас, трчав, трчав и се покакав, но продолжив да трчам. Во главата треба да завршам, па потоа да одам. Но, тоа сум јас, ако крадам, крадам од себе, не крадам од тебе. Јас губам, не губиш ти“, рече Ибрахимовиќ.