Иако веќе потрошија повеќе од 300 милиони евра: Реал тргнува по Мбапе!

Реал Мадрид агресивно влезе во летниот трансфер период. Од наредната сезона дресот на „кралевите“ ќе го носат Едер Милитао, Ферланд Менди, Лука Јовиќ и Еден Азар кој денеска ќе биде промовиран на „Сантијаго Бернабе“.

Меѓутоа, Реал не планира тука да застане и голема е веројатноста дека уште едно големо име ќе пристигне во Шпанија. Шпанските медиуми пишуваат дека најтрофејниот европски клуб ќе тргне по ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Според последните информации токму Зинедин Зидан ја превзел одговорноста за овој трансфер. Тој ќе се обиде да го ангажира 20- годиниот напаѓач, кој не крие дека има желба да заигра за „кралевите“.

Сепак, понудата за Мбапе мора да биде огромна. Голема е веројатноста, Реал да го сруши трансфер рекордот на Нејмар, кој за сума од 222 милиони евра прејде од редовите на Барселона во ПСЖ.