И Павел Недвед заминува на печалба во Саудиска Арабија
Недвед ќе биде промовиран во нов директор на клубот Ал Шабаб од Саудиска Арабија.
Павел Недвед е надвор од фудбалот од 28 ноември 2022 година кога целиот борд на директори на Јувентус си поднесоа оставки поради Плусваленца скандалот. Поради инволвираност во скандалот на 20 јануари 2023 година Чехот доби осуммесечна суспензија за било каква работа во италијанскиот фудбал.