Хорор на Монжуик: Балде се гушеше, па повраќаше крв (ФОТО)

Бекот на Барселона, Алехандро Балде имаше хорор епизода денеска на Монжуик, за време на натпреварот против Лас Палмас

Во 26. минута од мечот, тој се судри со противничкиот играч Сандро Рамирез по што се фати за врат, почна да кашла и да се гуши, а потоа легна на тревата и повраќаше. Од снимките може да се забележи дека повраќа крв што е доказ за тежината на состојбата во која се наоѓал.

Засега е нејасно за каква повреда се работи, но Балде со медицинска количка беше изнесен од теренот и се очекуваат дополнителни информации за неговата состојба.