Хетафе со гол од пенал ја посрамоти Барселона (ВИДЕО)

Барселона одигра очаен натпревар против Хетафе и на крајот запиша пораз во шпанската Ла Лига од 0-1.

Каталонците се надеваа на три бодови од гостувањето во Мадрид, но на крајот останаа со празни раце. Тие имаа неколку шанси во првото полувреме, но не ги искористија.

Гостите не беа убедливи ниту во вториот дел, па казната пристигна преку Мата, кој од пенал во 56. минута ги постави конечните 1-0.

Хетафе има 10 бодови и се наоѓа на втората позиција во Ла Лига, додека Барселона е деветтопласирана со седум бодови.