Хет-трик за Салах: Ливерпул се измачи да ги победи Лидс и Алиоски (ВИДЕО)

Англискиот шампион Ливерпул славеше против Лидс со 4-3 во тежок меч кој се одигра на „Енфилд“ во првото коло од новата сезона во Премиерлигата.

Ливерпул патот до мрежата на гостите го пронајде за четири минути преку Мохамед Салах од пенал. Сепак, нивната радост кратко траеше бидејќи Херисон израмни на 1-1.

Веднаш потоа Ван Дајк го врати водството за Ливерпул, по што Бамфорд во 30. минута израмни. До крајот на првото полувреме шампионот даде уште еден гол преку Салах за 3-2.

Лидс и по третпат на мечот доаѓа до израмнување, и тоа со голот на Клих во 66. минута, додека Салах од втор пенал денеска стрелаше за конечните 4-3.

Претходно во Премиерлигата триумфи запишаа и Арсенал против Фулам со 3-0, односно Кристал Палас против Саутемтпон со 1-0.