Хаос во Манчестер: Санчез мора да го послуша Мурињо инаку нема да заигра!?

Атмосферата во соблекувалната на Манчестер јунајтед е очајна, откако Жозе Мурињо се скара со неколку играчи, а исто така и резултатите на теренот се катастрофални.

Португалецот не е одамна во најдобри односи со Пол Пога и Алексис Санчез, а за Французинот се знаеше со недели дека нешто не е во ред, но целосно изненади случувањето со Чилеанецот.

Санчез воопшто не беше во конкуренција за дуелот против Вест хем, иако со екипата пристигна во Лондон. Мурињо во последен момент реши да го испрати на трибините, а наводно претходно му одржал лекција пред соиграчите.

Англиските медиуми пишуваат дека на Мурињо не му се допаѓа однесувањето на Санчез, па решил да го казни.

Англиски „Сан“ пишува дека Мурињо вчера на тренинг му кажал на Санчез дека ќе се врати во екипата кога ќе го поправи однесувањето и кога ќе престане да биде груб и безобразен кон него