Хаос во Јувентус: Клубот ги казни Влаховиќ и Локатели! (ВИДЕО)

Јувентус се надева на чудо за да се пласира во Лигата на шампиони (ЛШ) следната сезона, а мечот против Фиорентина (0-2) направи хаос во калчолигашот.

Душан Влаховиќ и Мануел Локатели имаа жестока караница за време на антпреварот, а нивниот потег не му се допадна на раководството на клубот, па поради тоа ги казни парично.

Италијанските медиуми пишуваат дека овој потег бил предупредување за двајцата фудбалери, затоа што во иднина ќе има посериозни санкции.