ФФМ ги одреди судиите за финалето во Купот на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги избра судиите кои ќе ја делат правдата во мечот меѓу Силекс и Шкендија во финалето на Купот на Македонија.

Главен судија ќе биде Игор Стојчевски, а во улога на асистент судии ќе бидат Тоше Ицев и Вјолца Изеири.

Четврти судија на натпреварот ќе биде Бењамин Керими, додека Александар Грујоски е назначен за ВАР судија, а АВАР судија ќе биде Гоце Петрески.

Натпреварот меѓу Силекс и Шкендија се игра утре од 20.00 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.