Македонски репрезентативец им откри на Србите каде се наоѓа Новак Ѓоковиќ! (ФОТО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец и кошаркар на Панатинаикос Ти-Џеј Шортс реши да го искористи својот слободен ден да ги посети тениските терени на клубот и притоа на Србите им откри каде се наоѓа еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ се наоѓа во Атина, каде што се подготвува за настапот на Ролан Гарос, а Шортс го сретна додека имал тренинг со младиот тенисер Рафаел Пагонис.

Првите натпревари од главниот турнир на Ролан Гарос почнуваат в недела, па така Ѓоковиќ наскоро ќе замине за Париз, каде што ќе се обиде да се прикаже во најдобро светло.

Ждрепката за турнирот е закажана за четврток, а Ѓоковиќ во отсуство на Карлос Алкараз ќе биде одреден за трет носител.