Шкендија без двајца важни фудбалери ќе се соочи со Силекс

Шкендија и Силекс ќе се соочат во финалето на Купот на Македонија, а тетовци пред натпреварот соопштија дека не можат да сметаат на двајца важни фудбалери.

Екипата од Тетово за пресметката против кратовчани остана без нивниот најдобар стрелец Бесарт Ибраими и крилниот фудбалер Роналдо Вебстер.

Ибраими се соочува со повреда и не е подготвен за настап, додека Вебстер е суспендиран поради жолти картони.

Натпреварот се игра утре на Арената „Тодор Проески“ во Скопје од 20 часот.

Фото: Facebook/KF Shkëndija