ФФМ почна дисциплинска постапка против Вардар поради прославата на фудбалерите!
Причина за ова е прославата на фудбалерите на овој клуб по триумфот на гостувањето кај Струга, со кој и теоретски го обезбедија првото место пред одигрување на последното коло в сабота против Шкендија.
„Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот“, се вели во соопштението на ФФМ.
На славјето на црвено-црните се пееја навивачки рефрени, во кои има и делови со навредлива содржина, што предизвика реакции и осуда од ФФМ, Министерството за спорт и уште неколку други институции и рганизации.