Првата тенисерка со зголемени гради плачеше по победа на Ролан Гарос (ВИДЕО)
Таа направи голем пресврт против Американката Кајла Деј (6-4, 2-6, 7-6), иако во решавачкиот сет спаси две меч-топки. Французинката во супер тај-брејкот покажа огромна психолошка сила и со помош на домашната публика стигна до важна победа. Веднаш по последниот поен таа падна на колена и заплака, а француските медиуми пишуваат дека причината е големиот притисок со кој се соочува со години, како поради нестабилната форма, така и поради огромното внимание на јавноста кон нејзиниот приватен живот и изглед.
Додин со години е една од најкоментираните тенисерки, бидејќи често привлекува внимание со провокативни фотографии и објави на социјалните мрежи, што редовно предизвикува поделени реакции кај љубителите на тенисот. Таа важи за прва тенисерка која ги зголемила градите додека активно се натпреварува, со што дополнително привлече внимание од јавноста.
Французинката моментно е целосно фокусирана на враќање меѓу најдобрите 50 тенисерки во светот. Некогашната 46. тенисерка на ВТА-листата со оваа победа покажа дека сè уште има голема желба за натпреварување. Додин во следното коло од квалификациите ќе игра против искусната Александра Саснович во битка за чекор поблиску до главниот турнир во Париз.