Тренерската вртелешка ја зафати и Саудиска Арабија: Си оди и Инзаги
Според овој извор, заминувањето на 50-годишниот Италијанец било предизвикано, меѓу другото, од критиките за неколку скапи летни засилувања кои не ги исполниле очекувањата, како и од промената на сопственоста на клубот. Во овој момент, неговото претстојно отпуштање е практично потврдено.
Инзаги е во Ал Хилал од јуни 2025 година. Под негово водство, тимот има 37 победи, 12 нерешени и два пораза.
Сепак, Ал Хилал е втор на табелата во Премиер лигата на Саудиска Арабија со 81 бод. Ал Наср води со 83 бода по 33 натпревари, секој тим има уште еден меч до крајот, а Инзаги и компанија сè уште имаат шанса за титулата.