Аргентина и Комо се скараа за Нико Паз!

Се случува конфликт меѓу репрезентацијата на Аргентина и Комо во врска со повредата на ѕвездата на италијанскиот тим, Нико Паз.

Комо сака Нико Паз да игра во последното коло од Серија А, додека Аргентина сака да го заштити од играње плашејќи се да не се повреди дополнително и да го пропушти Светското првенство.

Аргентина испраќа доктор во тренинг центарот на Комо со цел да ги прегледа медицинските извештаи и да зборува со докторите во италијанскиот клуб и со самиот Нико Паз.

Комо во последното коло му гостува на Кремонезе кој се бори за опстанок. Тимот на Фабрегас чека кикс на Милан или Рома и се надева дека со победа може да дојде до место кое води во Лигата на шампионите.