Партизан преживеа драма и ја совлада Црвена Звезда
„Црно-белите“ играа одлично сè до последната четвртина, кога се соочија со голема криза. Нивната предност од +20 (79-59) почна значително да се топи, а Ц. Звезда успеа да намали на само еден поен негатива.
Партизан, сепак, не дозволи епски пресврт на „црвено-белите“ и на крајот го доби мечот со 100-94.
Најефикасен во победничкиот тим беше Вашингтон со 22 поени, додека Нвора запиша 31 поен за Црвена Звезда.
Фото: Facebook/KK Partizan