Дортмунд ќе ја наполни касата на Ц. Звезда - нуди 25 милиони евра за фудбалер!
„Скај Спортс“ објави дека Дортмунд ќе се вклучи во трката за Костов и трансферот би можел да достигне вредност од 25 милиони евра.
Планот на Дортмунд е да се врати на политиката на ангажирање млади фудбалери, со вокус на развој и заработка преку трансфери во иднина.
Костов оваа сезона настапи на 46 натпревари за „црвено-белите“, а притоа постигна 14 голови и седум асистенции.