Жоао Педро си кажа што мисли откако беше изоставен од составот на Бразил за СП
Селекторот на Бразил доцна синоќа го објави списокот на фудбалери кои ќе одат на Мундијалот, на него беше Нејмар, но го немаше Жоао Педро.
Разочараниот напаѓач на Челси излезе со изјава откако виде дека нема да оди на Светското првенство.
„Секогаш се обидував да го давам најдоброто. За жал, не можам да го исполнам овој сон и да ја претставувам мојата земја на Светско првенство, но останувам смирен и фокусиран, како што секогаш се обидувам да бидам. Радостите и фрустрациите се дел од фудбал. Им посакувам среќа на сите што се таму и јас ќе бидам уште еден навивач кои ќе навива за нив да ја донесат шестата титула дома“, рече Жоао Педро.