Гвардиола по заминувањето од Манчестер ќе си купи луксузна вила од 14 милиони евра!

Пеп Гвардиола на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на Манчестер сити, а наводно потоа планира да купи луксузна вила од 14 милиони евра, објави „Дејли Мејл“.

Стратегот сака да купи вила која располага со базен, поглед на море, теретана и џакузи, а сместена е во ексклузивната населба Педралбес.

Интересно е тоа што вилата се наоѓа на само стотина метри од семејниот дом кој го делеше со сопругата Кристина Сера.

Минатата година беше објавена дека тие почнале процес на развод, откако сопругата била вознемирена со одлуката на Гвардиола да потпише договор со „граѓаните“ до 2027 година.

Гвардиола ги помина последните 10 години во премиерлигашот, со кој освои 20 пехари и се запиша во историјата на клубот.

Фото: Facebook/Manchester City