Хаос во Јунајтед: Тен Хаг открива тајни од клубот, челниците му се лутат

Тешко дека останувањето на Ерик Тен Хаг ќе донесе нешто добро за Манчестер Јунајтед бидејќи таму односите одамна се изместени.

Врв на се е признанието на менаџментот дека претходните недели преговарало со други тренери, но „дошло до заклучок дека Тен Хаг е најдобар за клубот“. Ова, холандскиот стручњак го откри јавно, на телевизијата НОС каде е стручен коментатор на Европското првенство.

Тоа ги изнервирало ко-сопственикот на Јунајтед, Џим Ретклиф и неговиот асистент Дејв Брејлсфорд кои сега му се лути на Тен Хаг. Сепак, Алан Ширер смета дека вината не е кај менаџерот, туку кај раководството.

„Каков хаос е тоа, не знам како е можно луѓето од клубот да отидат кај него на Ибица и да му кажат дека преговарале со други тренери. Тоа е бизарна ситуација, не се прави така во фудбалот“, смета Ширер.

Тен Хаг уште не потпишал нов договор со Јунајтед, но веројатно тоа е готова работа бидејќи сега и менаџментот на клубот нема голем простор за маневар, евентуално да најде нов тренер.