Халфот на Ливерпул дециден: Немам дилема – во големи ла*на сме (ВИДЕО)
Ливерпул е во серија од девет порази на последните 12 натпревари во сите конкуренции – најлоша низа за клубот во повеќе од седум децении. Само на последните три меча тимот на Арне Слот прими 10 гола. Џоунс призна дека играчите немаат објаснување за падот во формата.
„Не знам зошто се случува ова. Нема одговори. Неприфатливо е. Останав без зборови. Повеќе ни не сум лут ни тажен – едноставно немам што да кажам,“ изјави тој.
Фудбалерот додаде дека, како играч и како навивач на клубот, тешко ја поднесува моменталната ситуација.
„Никогаш не сум доживеал ваква лоша тимска игра и вакви резултати. Но логото сè уште е на нашите гради – додека го носиме, ќе се бориме да го вратиме Ливерпул таму каде што му е местото и да покажеме зошто е еден од најдобрите клубови во светот. Но моментално сме во големи ла*на и тоа мора да се смени“, порача Џоунс.
Работите да се полоши за навивачите на тимот од „Енфилд“, нивните миленици в недела ги чека ново тешко гостување и тоа кај Вест Хем.
ФОТО: EPA PHOTO