Пелистер загуби, но Митревски со неговите одбрани ја „запали“ Битола (ВИДЕО)

Македонскиот ракометен шампион Пелистер му пркосеше на европскиот првак Магдебург, но загуби со 26-31, но репрезентативниот голман Никола Митревски имаше извонредни интервенции.

Митревски го заврши натпреварот со 11 одбрани, кои сепак не му беа доволни на Пелистер да избегне пораз, меѓутоа македонскиот голман со неговите интервенции ја „запали“ Битола, а за тоа доби признание и од ЕХФ.