Катастрофа: Ливерпул израмни негативни рекорди од 1953 година!

Актуелниот англиски шампион Ливерпул не е ниту бледа сенка на екипата која минатата сезона доминираше на Островот, но играше одличен фудбал и во Лигата на шампиони (ЛШ), а тоа го потврди и поразот од ПСВ (1-4).

Ливерпул загуби девет од нивните последни 12 меча во сите натпреварувања, односно им се повтори истиот негативен рекорд од 1953 година.

Избраниците на Арне Слот израмнија уште еден негативен рекорд, откако запишаа три порази по ред во сите натпреварувања со повеќе од три голови разлика.

Фото: EPA