Грмеше вечерва низ Европа: Баерн попарен во Лондон, нов дебакл на Ливерпул, Мбапе го спаси Чаби Алонсо (ВИДЕО)
Дербито на вечерва се играше во Лондон каде Арсенал го растури Баерн со 3-1 и остана единствен тим со максимален ефект во Лигата на шампионите оваа сезона. Утеха на Баерн може да му биде што стана прв кој ја тресел мрежата на „топчиите“, тоа му успеа на младиот Карл, но Тимбер, Мадуеке и Мартинели се погрижија за победа на англискиот тим.
Нов дебакл доживеа Ливерпул чиј менаџер Арне Слот може веќе утре да добие отказ. На домашен терен, „црвените“ загубија од ПСВ со 1-4 што е десетти пораз за нив на последните 13 меча во сите натпреварувања. Уште на стартот кикс направи Ван Дајк кој играше со рака во својот шеснаесетник по што Перишиќ го отвори резултатот. Собосласи успеа да израмни, но во второто полувреме Тил и два пати Дриуех се погрижија Ливерпул пак да биде шокиран.
Историски натпревар одигра Килијан Мбапе кој е најзаслужен за победата на Реал со 4-3 на гостувањето кај Олимпијакос. Французинот ги постигна сите четири гола на својот тим, вклучувајќи го вториот најбрз хет-трик во историјата на Лигата на шампионите.Сепак, грчкиот првак не се предаде, го отвори резултатот преку Чикињо, а потоа два пати намали преку Тареми и Ел Каби со што внесе голема драматика во финишот. Мбапе со четирите гола му го сочува тренерското место на Чаби Алонсо кој е под огромен притисок последниве денови.
РЕЗУЛТАТИ
Арсенал - Баерн 3-1
Атлетико - Интер 2-1
Ајнтрахт - Аталанта 0-3
Ливерпул - ПСВ 1-4
Олимпијакос - Реал 3-4
ПСЖ - Тотнем 5-3
Спортинг - Бриж 3-0