Вајли отпадна, Мур ќе дебитира за Македонија

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски вечерва го одреди списокот од 12 кошаркари за утрешниот натпревар против Азербејџан.

На него немаше место за Страхил Николов, а меѓу двајцата натирализирани кошаркари, предност доби новиот Македонец, Омари Мур пред Џејкоб Вајли. Кошаркарот на Валенсија пристигна во Скопје денеска, го одработи вечерниот тренинг и ќе има можност утре да дебитира во црвено-жолтиот дрес.

Поради повреда, претходно од комбинација отпадна Бобан Стајиќ, како и третиот натурализиран играч Нејт Сестина.

ФИНАЛНИ 12 ЗА НАТПРЕВАРОТ СО АЗЕРБЕЈЏАН

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром

Стојан Ѓуроски – Работнички

Андреј Митревски – Пелистер

Лука Стојановски – Пелистер

Виктор Ташовски – ТФТ Скопје

Теодор Симиќ – Кожув

Адем Мекиќ – Бора - Косово

Ваљмир Какруки – Сигал Приштина - Косово

Лејсон Зеќири – Башкими - Косово

Андреј Јакимовски – Тренто - Италија

Омари Мур – Валенсија - Шпанија