Јанта Волеј за еден час декласиран во првиот меч од ЦЕВ купот

Единствениот преостанат македонски претставник во европските купови во женска конкуренција Јанта Волеј доживеа убедлив пораз во првиот дуел од двомеч со хрватскиот Младост.

Во рамките на ЦЕВ купот, во „Јане Сандански“ нашиот тим по брза постапка беше декласиран од фаворитот со 3-0 (25-6, 25-12, 25-19). Мечот траеше 59 минути, а уште во првиот сет беше јасно како ќе се одвива. По долгиот процес на адаптација, Јанта Волеј даде отпор само во последниот сет, но тоа не беше доволно за да го освои.

Еден од одлучувачките фактори за поразот на Јанта Волеј беше лошиот прием имајќи предвид дека Младост имаше дури 16 аса. 

Реваншот во Загреб се игра на 3 декември, но според денешниот меч, тој ќе биде само формалност.