Вујошевиќ се огласи по оставката на Обрадовиќ и - дополнително ги расплака Гробари!

Тренерската легенда на Партизан, Душко Вујошевиќ, ептен емотивно ја прими веста за оставката на Жељко Обрадовиќ, нагласувајќи дека му е „многу тешко поради сè што му се случува на клубот“.

Со тоа, човекот кој оставил длабока трага во црно-белата историја повторно се најде во фокусот на јавноста. Обрадовиќ и Вујошевиќ, чиј однос започна како релација тренер–играч во втората половина на 80-тите години, подоцна го трансформираа својот професионален пат во тренерско наследување и заемно почитување. Обрадовиќ ја освои првата од своите девет европски титули токму со Партизан, додека Вујошевиќ остана запаметен како најуспешниот тренер во историјата на клубот според континуитет и резултати – со пласмани на фајнал-фор во Евролигата во 1988 и 2010 година.

„Многу ми е тешко. Ништо друго не би додал,“ изјави Вујошевиќ кусо за Спорт клуб, по оставката на Обрадовиќ.

Вујошевиќ во четири наврати го водеше Партизан, а особено го обележа периодот во првите 15 години од 21 век. Неговото заминување во 2015 година беше резултат на одлуката на тогашната управа да избере политичка дистанца и нови (ветени) финансиски извори, наместо да ја продолжи соработката со него.