Тешко дека Нејмар ќе игра на Мундијалот – лекарите му предлагаат да оди на операција
Лекарите му предложиле да се подложи на артроскопија, што е мала процедура и закрепнувањето трае еден месец, но бразилскиот ас засега не е расположен да го прифати тој совет. Покрај тоа, Нејмар вчера тренирашше со Сантос за првпат по една недела, додека тимот се подготвува за натпреварот против Ресифе. „Црно-белите“ се во опасна зона и затоа поранешниот ас на Барселона и ПСЖ не сака да го остави на цедило својот клуб да испадне, па во последно време игра со болки.
Нејмар го одработил последниот тренинг со заштита за коленото и избегнал дуели во играта, но на натпревари нема да има таква заштита. Бразилската фудбалска конфедерација исто така ја следи неговата состојба и е загрижена дека би можел да ја влоши повредата, што би го ставило надвор од конкуренција за националниот тим за мартовските натпревари и пред се за Светското првенство.