Халанд за Ибрахимовиќ: Тој човек не е нормален

Ерлинг Халанд важи за еден од најдобрите светски фудбалери иако има сaмо 20 години. Голгетерот на Борусија Дортмунд импресионира со секој свој настап и ретко кога не постигнува гол. 

Сепак и Норвежанецот е импресиониран од она што го прави Златан Ибрахимовиќ сезонава во дресот на Милан. Швеѓанецот е 19 години постар од Халанд, но зад себе веќе има шест голови на само три натпревари во Серија А.

„Ова е лудо. Ибрахимовиќ има 39 години и сè уште е добар. Човекот не е нормален“, искоментира Халанд за голгетерот на Милан.

Норвежанецот во Бундеслигата има пет натпревари и пет голови сезонава и два во Лигата на шампиони на исто толку натпревари.