Халанд испрати порака до сите дефанзивци во лигата (ВИДЕО)

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд потпиша нов договор со Манчестер сити до 2034 година, па ќе заработи над 250 милиони фунти, а по потписот испрати порака до сите дефанзивци во Премиерлигата.

Халанд ги „пецна“ дефанзивците кои си немаат мир на теренот против фантастичниот напаѓач, кој уште долго ќе ги тресе мрежите на Островот.

„Драги дефанзивци. Водевме свои битки, но вие ме поттикнавте да бидам уште подобар. Имаше многу шпекулации во изминатиот период и јасно ми е дека сакате да заминам. Жал ми е, но тука ќе останам што е можно подолго“, кажа Халанд.