Халанд го израдува синот на Суарез за роденден (ФОТО)

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез јавно му се заблагодари на Ерлинг Халанд за подарокот за неговиот син Бенџамин. 

Уругваецот беше пресреќен што голгетерот на Борусија Дортмунд испрати потпишан дрес за роденденот на неговиот син. По фотографијата што ја сподели Суарез, очигледно е дека малиот Бенџамин е пресреќен.

„Топ фудбалер, многу сум благодарен за потпишаниот дрес за родененот на мојот син. Голем гест“, напиша Суарез.