Хакими и официјално претставен како најново засилување на Интер

Италијанскиот гигант Интер и официјално потврди дека потпиша петгодишен договор со Ашраф Хакими од Реал Мадрид.

Според италијанските медиуми, Интер за бекот ќе плати сума од 40 милиони евра плус пет како бонуси, што воедно стана најскапиот дефанзивец во историјата на клубот.

Ашраф Хакими е официјално фудбалер на Интер. Мароканецот, кој е роден во 1998, доаѓа кај „нераѕурите“ со трансфер од Реал Мадрид и со договор до 30 јуни 2025 година, објавија на веб-сајтот на Интер.

Младиот Хакими (21), кој последните две сезони ги помина на позајмица во Борусија од Дортмунд, каде што постигна 12 гола и 17 асистенции во 72 настапи, наводно ќе заработува по пет милиони евра по сезона.